Занимливости 11. април 2018. / 16:38

Поради пресечен подводен кабел цела држава останала без интернет

Поради пресечен подводен кабел цела држава останала без интернет

Мавританија останала оф-лајн цели 48 часа откако бил пресечен подводен кабел на Африкански брег до Европа. Уште девет африкански земји биле погодени од прекинот на интернетот.

Составот на каблите се протега на должина од 17.000 километри од Франција до Јужноафриканската Република, и помага во давање на интернет врската за 22 земји, повеќето сместени крај западниот брег на Африка. Добар дел од западот на континентот бил погоден од прекинот на интернетот, кој прв пат бил пријавен на 30. март, откако се скинал кабел во близина на главниот град на Мавританија, Ноуакчота.

Директорот на мрежата за меѓународните услуги и интернет услуги, кој го предводи конзорциум од 19 организации кои управуваат со “ACE”, на Твитер објавил фотографија од пресечениот кабел. Станува збор за прв поголем дефект откако “ACE” станал оперативен во 2012. година”.