Најпознатата горила во светот, Коко, која можеше да комуницира преку користење на повеќе од 1.000 знаци со рацете, почина денеска во Калифорнија, на 46-годишна возраст.
Инструкторите ја научиле на верзија на знаковен јазик, што ги користела за да ги искаже нејзините мисли и чувства, пренесе ББС.
Способностите на оваа горила, која очигледно разбирала и малку говорен англиски јазик, биле документирани од животинскиот психолог Францин Петерсон.
Горилата посвоила и именувала животни, вклучувајки и маче кое го нарекла Ал Бал.
Се верува дека Коко имала коефициент на интелигенција помеѓу 75 и 95 и дека разбирала околу 2.000 зборови од англискиот јазик.