Занимливости

По 20 години: Објавена снимка од Бил Клинтон и Моника Левински (ВИДЕО)

По 20 години: Објавена снимка од Бил Клинтон и Моника Левински (ВИДЕО)

Оваа недела беше објавена видео снимка од поранешниот американски претседател Бил Клинтон и Моника Левински, како „емотивно“ комуницираат во Белата куќа.

Видеото, кое датира од 1997 година, кога и изби скандалот, ја објави Претседателската библиотека на Вилијам Џ. Клинтон и на него може да се види Бил Клинтон, кој го дава својот неделен радио извештај, а потоа во Овалната соба се поздравува со вработените, меѓу кои била и Моника Левински, која во тоа време стажирала во Белата куќа.

На снимката се гледа и како Клинтон и Левински разговараат, додека тој околу нејзината половина ја става раката, а потоа се местат за да се фотографираат, пренесува „Фокс њуз“.

Фотографиите од тој настан одамна се снимени, но ова е прв пат да се објави видео снимката.

Библиотеката на Клинтон одби да ја коментира снимката, но на Јутуб е наведено дека видеото е објавено по барање, а во склад со Законот за слободата на информирање.