Научниците од Нов Зеланд забележале бран од 23,8 метри, за кој веруваат дека е најголема некогаш забележан на јужната хемисфера.
„Ова е многу возбудливо случување и според нашите сознанија тоа е најголемиот бран некогаш забележан на јужната хемисфера“, рекол Том Дуран, океанограф од метеоролошката служба на Нов Зеланд.
Бранот со висина колку зграда од осум спрата бил забележан во вторникот, кај островот Кемпбел во јужен Пацифик, пренесува Би-Би-Си.
Со тоа го надминал бранот од 22,03 сантиметри кој е забележан во 2012 година, јужно од австралиската држава Тасманија.