Занимливости 12. мај 2018. / 14:46

Откриена тајната на кривата кула во Пиза: Како останува отпорна на земјотреси?

Откриена тајната на кривата кула во Пиза: Како останува отпорна на земјотреси?

Ново истражување го откри начинот на кој кривата кула во Пиза им останува отпорна на бројните земјотреси и продолжува да стои цврсто (иако криво) толку многу години.

Отпорноста на славната кула висока 58 метри ја проучуваа научници од универзитети во Бристол и Лондон и сфатија за што всушност станува збор.

Истражувачки тим од 16 инженери открива дека всушност врската помеѓу висината и крутоста, во комбинација со мекоста на почвата на која лежи оваа кула е феномен, кој е познат и како динамичка интеракција на земјишната структура и токму тој феномен игра клучна улога во нејзината отпорност од земјотреси.

„Иронично, истата почва која доведе до тоа кулата да се искриви сега ја држи на истото место и ја прави отпорна од земјотреси. Изградбата на оваа кула почна во 1173 година и траеше речиси 200 години поради серијата на војни кои се одвиваа во тој период“, вели професорот Милонакис од универзитетот во Бристол.

Инаку, во дваесеттите години од 20 век е вложен голем труд за оваа кула и понатаму да остане таму каде што е, бидејќи нејзините темели се оштетени за време на Првата светска година, а во деведесеттите години кулата беше комплетно затворена за посетители поради ризици од потенцијално паѓање.

За прв пат, после толку години, оваа кула отворена е за посетителите повторно во 2001 година и е една од најпознатите туристички атракции во Италија.