Занимливости 05. април 2018. / 12:57

Nutella ќе се произведува само со италијански лешници

Nutella ќе се произведува само со италијански лешници

За вистинските љубители на вкусот на Nutella, од сега па натаму компанијата Ferrero, која го произведува кремот Nutella, соопшти дека овој производ најдоцна до 2025 ќе почне да се произведува само со лешници одгледани во Италија.

Ferrero има во план да засади лешници на површина од 20.000 хектари во Италија, со што ќе придонесе до поголем приход на земјата каде се произведува кремот.

Компанијата досега не зависеше од италијанското производство на лешници бидејќи ги купуваше од земји како Турција, Чиле и Јужноафричката Република. Но, поради недостатокот од лешници кој се појави на глобално ниво, тие решија да направат бизнис потег кој ќе биде корисен за нив, но и за италијанската економија.

Експертите предупредуваат дека е можно да дојде до недостаток од овој плод во иднина бидејќи постои сѐ поголема побарувачка, а плантажите се со ограничен капацитет.

Во светот постојат само одреден број земји во кои се одгледуваат лешници, а процесот на одгледување е долг поради долгиот период на созревање на дрвата на кои растат.