Занимливости 26. март 2018. / 12:29

Новиот „Одмаздници“ во кино салите една недела пред закажаниот рок

Новиот „Одмаздници“ во кино салите една недела пред закажаниот рок

На голема радост на фановите „Војна за Безконечноста“ на платно порано од закажаното!

Деветнаесетиот филм од кинематолошкиот универзум на Марвел и воедно третиот од редот „Одмазници“ својата премиера ќе ја доживее на 25-ти април место на 4-ти мај.

Причината за ваквата одлука е временската рамка на останатите филмски остварувања од оваа филмска куќа кои треба да излезат во текот на годината.

При тоа да не заборавиме дека овој дел од приказната ќе има и втор сегмент кој е закажан за мај наредната година.
Покрај вториот сегмент, од Марвел се закажани уште две филмски остварувања.

Свое продолжение ќе добие сагата за Ент-мен, а ќе биде прикажан и првиот „Кептен Марвел“ .