Тесла постави нов Гинисов светски рекорд кога станува збор за масата која може да ја повлече еден патнички автомобил.
Рекордот е забележан на аеродромот во Мелбурн, Австралија, кога Тесла модел X P100D, 300 метри успешно влечеше Боинг 787-9 Дримлајнер, тежок 130 тони.
Тоа беше доволно за овој автомобил да се запише во Гинисовата книга на рекорди.