Жител на источен Дрвар во Босна кој овие денови е затрупан со снег, снимил волк додека се возел со автомобилот.
Авторот видеото го објави на Фесјбук, а во коментар навел дека се возел околу 50 километри на час.
Општината Дрвар се наоѓа во целосна блокада проследена со интензивни снежни врнежи, а поради тоа овој човек веќе четири дена не оди на работа.
Слична ваква глетка неодамна е забележана во Херцеговина кога жителката Марија Крзиќ по патот од Рошко Поле одела на работа и случајно видела волк кој успеала да го сними.