Занимливости 06. јуни 2018. / 16:37

Нема веќе цвеќиња – вака изгледаат новите бидермаери

Нема веќе цвеќиња – вака изгледаат новите бидермаери

Сезоната на венчавките почна, што значи дека двојки од целиот свет се во последната фаза од планирањето, како што многумина велат, на најроматичните денови во нивните животи.

А еден од трендовите, кој ги воодушеви младенците ширум светот е „пица бидермаер“.

„Пица букетите“ се најнов тренд меѓу младенците ширум светот, пишува “Well + Good”.

Како што и самото име кажува, секој бидермаер, како и украсите за реверите се направени од пица цветови кои рачно ги изработува њујоршкиот стилист за храна Џеси Берден.

Секое цветче на бидермаерот се прави од свежо тесто, моцарела сирење, калифорниски домат и пеперони.