Занимливости 30. април 2018. / 19:53

Неколку совети за добра скара со Џејми Оливер, во пресрет на утрешниот ден (ВИДЕО)

Неколку совети за добра скара со Џејми Оливер, во пресрет на утрешниот ден (ВИДЕО)

Во пресрет на утрешниот празник, знаеме дека ќе ви бидат потребни неколку совети за да ја направите најдобрата празнична скара. А кој би можел да даде подобар совет од најпознатиот готвач во светот – Џејми Оливер?

Подготвувањето на месо на скара бара големо ниво на вештина, а совладувањето на оваа „уметност“ ќе го зацементира вашиот култен статус како врвен готвач во очите на вашите пријатели.

Метеоролозите предвидуваат дека утре времето ќе биде сончево и топло, па затоа нема потреба да го менувате планот и можете да почнете со подготовки за правење скара на отворено. Поради тоа, одлучивме со вас да споделиме неколку од најпознатите совети за правење скара на Џејми Оливер, еден од најдобрите готвачи во светот.

Одберете ја вистинската скара

Можеби звучи премногу очигледно, но изборот на скара може навистина да ја направи разликата помеѓу добро и лошо приготвено месо. Има само два услови кои скарата треба да ги исполнува: да биде на јаглен и да има капак. Ако сакате месото да го задржи вкусот, не користете скара на плин и секогаш покривајте го капакот за месото да го впие мирисот од готвењето.

Јаглен

Кога ќе ја распалувате скарата, обезбедете доволно јаглен. Но, потрудете се тоа да е оној вистинскиот јаглен кој изгледа како изгорено дрво, бидејќи тој ќе му даде најдобар вкус на месото. Не користете било какви замени за јаглен, освен ако не се работи за вистинско дрво. Уште една напомена дека доколку користите сирово дрво, тогаш проверете дали има смола на него. Ако има, не го фрлајте во скарата.

Почекајте го вистинскиот момент

За да почнете со печење на месото на скара, треба да го погодите вистинскиот момент. Најлесно е да се објасни вака: почнете да готвите кога парчињата јаглен ќе бидат сиви и ќе почнат да отсјајуваат. Така ќе знаете дека е правиот момент.

Направете ја вистинската температура

Кога веќе ќе почнете со готвење, треба да знаете како да ја контролирате температурата на скарата. Најдобриот начин да го проверите тоа е рачно. Буквално. Ставете ја раката отприлика 10 сантиметри над скарата и тестирајте колку долго можете да издржите.

6 секунди = мала температура

4 секунди = средна температура

2 секунди = висока температура

Исто така, ќе биде потребно да ја распределите температурата во скарата. Најдобриот начин за да го направите тоа е да го распределите јагленот на две страни – една страна со вжештен јаглен и друга страна со прилично загаснат јаглен. Така едната страна ќе биде жешка, а другата ќе можете да ја користите за некое месо кое полесно се подготвува на скара (пр. стек, колбаси).

Подгответе ја вистинската храна

Направете домашни плескавици, бидејќи така ќе бидете сигурни за нивниот квалитет. Џејми Оливер советува дека рибата е одлична на скара, па затоа не ја заборавајте и неа. Но, најважна работа за месото на скара е маринирањето. Ако почнете со подготовката на време, би требало да маринирате сѐ што сакате да ставите на скара. Исто така, со зборовите на Џејми Оливер, „не го запоставувајте зеленчукот“. Иако сите ја чекаат сезоната на скари за да станат месојади, сепак зеленчукот е одличен на скара, па затоа не треба да се лишувате од неговиот вкус.

Салати

Скарата е онолку добра колку што е добра салатата покрај неа. На вашата празнична трпеза скоро сигурно ќе има ракија или друг жесток алкохол, па затоа Џејми Оливер препорачува да ја искористите салатата како медијатор помеѓу месото и алкохолот.

За крај, многу е важно да ги обезбедите сите алатки кои ви се потребни, а не го заборавајте и приборот за готвење и јадење. Вилушка и штипалка за скара ќе ви бидат многу потребни, но и било каква алатка за распалување на скарата.

Среќен празник и пријатен апетит!