Занимливости 08. јуни 2018. / 19:46

Некогаш бил град на дијамантите, а денес е затрупан со песок (ФОТО)

Некогаш бил град на дијамантите, а денес е затрупан со песок (ФОТО)

Во сувиот и пуст дел од афричката пустина Намиб, 850 километри од главниот град Намибија, затрупан со високи наноси на песок, лежи градот Колманскоп – некогашна афричка престолнина на дијамантите, а денеска напуштен град без ниту еден жител.

Во добрите денови, овој напуштен град произведувал и до 1000 килограми дијаманти.

По Првата светска војна залихите на дијаманти полека се намалувале, а вадењето на дијаманти се преселило во профитабилните полиња во близина на Орањамунда во јужниот дел од земјата.

Градот официјално е напуштен во 1954 година кога се иселило последното семејство.

Иако се промовира како туристичка атракција, туристи баш нема, бидејќи им е потребна посебна дозвола за посета на ова место.