Занимливости 24. декември 2018. / 21:03

Наредниот Џејмс Бонд ќе биде трансроден војник?!

Наредниот Џејмс Бонд ќе биде трансроден војник?!

Наредниот 007 агент треба да биде трансроден, смета актерот Доминик Вест, а како најсоодветна за таа улога би била Хана Граф, трансроден војник од највисок ранг во британската армија.

Вест за магазинот Сандеј Тајмс истакна дека трансроден Бонд би било добра идеја.

-Таа е убава плава девојка која може да биде Бонд – рече актерот и додаде дека таа два пати била во Авганистан.