Занимливости

На Титаник се служел Галички кашкавал

На Титаник се служел Галички кашкавал

Во Кралската национална библиотека на Велика Британија, која располага со илјадници оргинални ракописи од различни епохи на човештвото, се наоѓаат од записи од трагедијата на Титаник, кој потонал на 15 април 1912 год.

Меѓу прашливите документи се наоѓа и сеќавањето на извесен Сер Самјуел, роден 1854 година, еден од многуте инвеститори за изградба на Титаник, во кој се опишува неговата средба со Ламбе, трговец со луксузна роба кој допатувал од Русија.

Записот наведува дека Ламбе бил постар човек со мустаќи и густи веѓи. Во Русија пристигнал од јужниот дел на Балканот, западно од Скопје, близу границата со Албанија.

Роден бил во село со развиено сточарство, многу овци и стока која пасела на непрегледни планински ливади.

Сер Самјуел детално ја опишал средбата со Ламбе, во која му било понудено некое трајно, тврдо жолто сирење (кашкавал), кое би можело да се најде на трпезата на Титаник.

Понудата му била привлечна на Сер Самјуел, па нарачал голема количина од прочуениот кашкавал. Ламбе во истиот момент отпатувал во својот роден крај Галичник.

Ламбе на коњи и магариња ги натоварил вреќите со кашкавал, ја преминал Албанија и стигнал во Драч.

Од таму со брод се префрлил во Италија, па преку Франција и Ла Манш стигнал во Англија.

Во записите на Британците, стои дека 15 тони кашкавал бил складиран на Титаник и бил во ексклузивното мени на бројните салони и тераси.