Занимливости

На сред дневна соба пронашол средновековен бунар (ФОТО)

На сред дневна соба пронашол средновековен бунар (ФОТО)

Цели 30 години Колин Стир од Плајмот копа пат во затрупан бунар од 16 век, и се надева дека на неговото дно ќе најде богатство.

Колин Стир (67) со години копа бунар што се наоѓа под софата во дневната соба, во викторијанска куќа во која се вселсл со сопругата и децата пред 30 години. Веднаш забележале дека има нерамнина на подот, а откако една вечер сонувал богатство решил да почне да копа.

Се покажало дека под софата има стар затрупан бунар. историските податоци велат дека бунарот е изграден во 16 век, пренесе Дејли Мејл.

 

Кога во 2011 година отишол во пензија Стир повторно размислувал за затрупаниот бунар. Заедно со соседот почнале да копаат и на 1,5 метар длабочина нашле завиткан меч, потоа и неексплодирани германски средства.

Стир во бунарот вградил и светло и го затворил со врата. Но, сопрел со копањето кога наишол на подземни води.

Тоа го забавило, но не се откажува од идејата да стигне до дното и да види што има.

„Би сакал да сум Доктор Ху, да имам Тардис и да отпатувам во времето за да откријам што има долу“, вели Стир.