Занимливости 21. јули 2018. / 18:46

Месечината може да стане база за вселенски патувања

Месечината може да стане база за вселенски патувања

Мисијата на НАСА Аполо 17 која на Месечината однесе 12 луѓе во декември 1972 година до денес претставува најголем успех.

Астронаутите собрале камења, фотографирале се што можеле, направиле неколку експерименти, го поставиле знамето и се вратиле дома. Оваа мисија која траела неколку недели, не им овозможи на луѓето да останат подолго на Месечината.

Годишниот буџет на НАСА изнесева 19,5 милијарди долари, а веќе следната година ќе се зголеми на 19,9.

И денес по 46 години од последната мисија, постои низа на причини поради кои луѓето треба да се вратат на Месечината, пишува Бизнис Инсајдер.

Истражувачите сметаат дека Месечината, може да стане база за друго вселенско патување, да се изгради вселенски телескоп, како и да се олесни можноста за живот на Марс.