Занимливости 26. декември 2018. / 10:28

Маж починал во секс-маратон – со партнерката се натпреварувале кој прв ќе се откаже од секс-маратонот

Маж починал во секс-маратон – со партнерката се натпреварувале кој прв ќе се откаже од секс-маратонот

Маж во средни години и неговата партнерка се натпреварувале кој прв ќе се откаже од „секс-маратонот“ закажан во хотелска соба, а во седмата „рунда“, тој починал.

Двајцата љубовници се обложиле во 140 долари, девојката избрала хотел и играта почнала. Мажот, кој инаку е Нигериец, издржал шестпати, но седмиот бил кобен за него.

Девојката веднаш го повикала хотелскиот персонал и сведочи дека тој одеднаш само се срушил врз неа.

Телото на човекот е предадено на испитување, и истрагата е во тек.