Занимливости 10. ноември 2020. / 17:56

Мајк Тајсон: Ги чекам допинг резултатите за да дознаам дали сум бремен

Мајк Тајсон: Ги чекам допинг резултатите за да дознаам дали сум бремен

Мајк Тајсон во својот подкаст зборуваше со Џеф Новицки, потпретседателот на УФЦ задолжен за здравјето на спортистите и тема на разговот беше допингот.

Џеф Новицки во УФЦ е задолжен да внимава на борците каква храна и препарати внесуваат во своите организми, а во минатото беше дел од истрагата која откри дека голем дел од спортистите користат нелегални супстанци, популарниот БАЛКО скандал.

Новицки беше дел од тимот кој откри дека некои од најголемите спортски имиња се допингуваат како велосипедистот Ленс Армстронг, атлетичарката Мерион Џонс како и допинг измамата на бејзбол тимот Њујорк метс.

– Тоа е ужасно. Колку само респект оди за професионалните спортисти, за тестовите, тие уринираат во чаша пред некој кој ги надгледува и тоа само поради што во минатото некои користеле простетички орган со друга урина само за да изгледа дека вие уринирате – објаснува Новицки.