Занимливости

Комичар обвинет за сексуално вознемирување – среде емисија ја допира Иванка Трамп (ВИДЕО)

Комичар обвинет за сексуално вознемирување – среде емисија ја допира Иванка Трамп (ВИДЕО)

Веста дека американскиот комичар Енди Дик е обвинет за сексуално вознемирување на жени во април оваа година не ја изненади премногу јавноста. Но, снимката од 2007 година на која комичарот на национална телевизија ја допира Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател, која во меѓувреме стана една од најпознатите политички личности во САД, овие денови повторно ја здогледа светлоста на денот и ја шокираше јавноста.

Дик ја поздравил Иванка барајќи од неа голем, мокар бакнеж. Не застанал на тоа. Почнал да ги трие рацете на Иванка, колената и надколената, а таа, што е можно попристојно се обидувала да го запре.

Бидејќи ништо не помагало во обидот да се „спаси“ Иванка, водителот ими Кимел станал од столицата и се обидел да го отргне Дик од Иванка.