Откако стигна до Нигерија лажна вест дека хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ лично го возела автобусот со фудбалерите на храватската репрезентација, таа сега стана хит во Индија.
До Индија, наводно, стигнале фотографии кои Колинда во 2015. год. ги објави на својот Фејсбук профил, а на кои може да се види како го варосува својот стан.
Индиците се воодушевуваат на тие фотографии и пишуваат дека претседателката, не краде од својот народ, а со својата плата не може да си дозволи да изнајми мајсотри да и варосаат, па така сама одлучила да го стори тоа.