Занимливости 09. август 2018. / 19:01

Kога сте дехидрирани што не треба да пиете?

Kога сте дехидрирани што не треба да пиете?

Во текот на летото лесно може телото да дехидрира, посебно кога температурите ги рушат светските рекорди. Затоа е важно постојано да се внесуваат течности во телото за тоа да се бори со високите температури.

Што не смееме да пиеме кога сме дехидрирани?

Спортски пијалоци – тие се наменети за спортисти кои губат електролите како натриум и калиум поради физичката активност. Но, ако ги пие просечна личност, тоа значи внесување вишок калории, вештачки засладувачи и јахлехидрати.

Пакувани сокови – ако мислите дека се подобар избор од газираните сокови, многу се лажете. Тие се штетни и имаат голема хранлива вредност, многу шеќери и конзерванси.

Витаминска вода – многу е нездррава и непотребна. Водата му е потребна на телото, но ако пиете витаминска, тогаш може да претерате, посебно ако вашата храна содржи доволно витамини. Витаминската вода содржи шеќер чија количина понекогаш е еднаква на онаа во кока-колата.

Леден чај – вкусен е многу, посебно во лето. Но, флашираните чаеви содржат шеќер, дури и оние диеталните.

Затоа е најдбро да се пие вода во која која може да се додаде лимон, краставици или камилица.