Меланија Трамп заработила стотици илјади долари на основа договор со фото агенцијата „Гети Имиџис“, откако Доналд Трамп станал претседател на САД, пишува ЕнБиСи њус.
Неодамна објавен е финансискиот извештај на претседателот Трамп, во кој се открива дека првата дама во 2017 година, заработила најмалку 100.000 долари од агенцијата „Гети Имиџис“ за користење на некои од 187. фотографии на семејството Трамп, сликани помеѓу 2010 и 2016 година.