Занимливости 23. септември 2018. / 21:26

Кинезите бесни: „Гугл“ и помага на владата да ги контролира граѓаните

Кинезите бесни: „Гугл“ и помага на владата да ги контролира граѓаните

Технолошкиот гигант „Гугл“ направи прототип на цензурираниот пребарувач за Кина, кои изгледа дека ги поврзува корисничките пребарувања со нивните лични телефонски броеви, што го олеснува надзорот на кинеската влада над своите граѓани.

Проектот „Драгонфлај“ исто така ги тргна содржините кои Комунистичката партија на Кина ги смета за осетливи, вклучувајќи информации поврзани за слободата на говорот, дисиденти, мирни протести и човекови права. Претходно непознати детали за апликацијата вклучуваа и листа на цензурирања кои наводно ги состави „Гугл“, а на кои се наоѓаат поми како „студентски протест“ и „Нобелова награда“ на мандарински кинески, наведува „Фокс њуз“.

Организациите за човекови права го критикувале „Драгонфлај“, а седум инженери од „Гугл“ поднеле оставка во знак на протест поради малата транспарентност на овој контроверзен проект.