Занимливости

Како ловец: Овој патнички авион полетува речиси вертикално (ВИДЕО)

Како ловец: Овој патнички авион полетува речиси вертикално (ВИДЕО)

Крајот на минатиот месец, на Меѓународниот саем за воздухопловство и вселенски истражувања во Берлин, презентирана е силата на новата генерација на патнички авиони.

Најголемо внимание предизвика речиси вертикалното полетување на Ербас моделот А350-900XWB.

Овој патнички авион е наменет за 325 патници, а веќе го користат неколку авио-копмании.

Трупот на авионот е изработен од армирана пластика со јаглеродно влакно, што е материјал кој лесно се одржува, отпорен е на корозија и го забавува согорувањето на гориво.