И додека најголемиот дел од богатството на 64-годишната суперѕвезда доаѓа од емисијата со која таа се прослави – “The Oprah Winfrey Show”, голем дел од богатството доаѓа од друг, изненадувачки извор.
Имено, во 2015 година Опра купила 10 отсто удел во компанијата за слабеење “Weight Watchers” во која вложила 58,6 милиони долари. Откако нивното партнерство било објавено, цената на акциите на компанијата “експлодирале”, а тој тренд се уште трае.
Цената на акциите во 2015 година изнесувала 9,22 долари, додека денес секоја вреди дури 140,03 долари – што го зголемило богатството на Опра за повеќе од половина милијарди долари.