Занимливости

Кајли Џенер прогласена за највлијателна личност на „Инстаграм“ 

Кајли Џенер прогласена за највлијателна личност на „Инстаграм“ 

Со повеќе од 108 милиони следбеници најмладата членка на кланот Кардашијан, 20-годишната Кајли Џенер, и официјално е прогласена за највлијателна личност на „Инстаграм“.

Според новите извештаи кои ги објавила компанијата за анализа на социјалните медиуми D’Marie Analytics, објавите на Кајли имаат вредност поголема од милион долари.

Со други зборови, не само што таа е најверојатно најплатената личност во нејзиното семејство, туку за сè што ќе објави на !Инстаграм“, „Твитер“ и „Снепчет“ заработува неверојатни милион долари. Воедно, тоа значи дека Кајли во моментот е најголемиот инфлуенсер на социјалните мрежи и дека ја симнала од тронот поп-ѕвездата Бијонсе.

Потсетуваме и дека Кајли е сопственичка на козметичкиот бренд Kylie Cosmetics, а нејзините сјајеви, кармини, руменила и сенки се продаваат ширум светот. Во текот на изминатите 18 месеци Кајли од козметиката заработила 420 милиони долари, со што станала втора во семејството Кардашијан – Џенер, по Ким, која минатата година имала нет- приход од 18 милиони долари.