Занимливости 21. мај 2018. / 19:00

Јутјуб воведува нова опција која сигурно ќе ви се допадне

Јутјуб воведува нова опција која сигурно ќе ви се допадне

Платформата за споделување видео снимки Јутјуб воведува опција за препознавање на музиката во снимките, слично на популарната апликација Шазам.

Функцијата ќе биде достапна во самиот опис под видеото, а во информациите ќе стои насловот на песната, изведувачот, па дури и авторите на текстот, како и линк до официјалната страница или канал, кога тоа е можно.Ова ќе помогне и за поголема заштита на авторските права, соопштуваат од Јутјуб.Социјалната мрежа за гледање на видеа YouTube на корисниците ќе им овозможи и нов инкогнито режим кој нема да ја бележи историјата на отворени видеа и пребарувања во главниот дел. Инкогнито режимот на оваа мрежа ќе функционира слично како на Chrome интернет прелистувачот, а посебно копче на Андроид апликацијата ќе се гледа во горниот десен агол.