Занимливости 22. јуни 2018. / 12:13

Јапонска компанија јавно се извини – вработен заминал три минути порано на пауза за ручек (ВИДЕО)

Јапонска компанија јавно се извини – вработен заминал три минути порано на пауза за ручек (ВИДЕО)

Јапонска компанија за вода, јавно се извини во вести на телевизија, откако еден нејзин вработен заминал на пауза за ручек три минути порано.

Јапонецот, вработен во службите во компанијата во градот Кобе, вкупно 72 минути, во период од седум месеци, го напуштил работното место порано, за време на ручек пауза. Откако 64-годишниот маж бил фатен, компанијата јавно се извинила на своите клиенти.

Погледнете: