Занимливости 11. јуни 2018. / 12:56

Израелка го тужи сопругот: Купил четири телевизори за да го гледа Мундијалот

Израелка го тужи сопругот: Купил четири телевизори за да го гледа Мундијалот

Израелка го тужи својот сопруг, бидејќи купил четири нови телевизори за да го гледа Мундијалот во Русија.

Израелецот сака на „раат“ и со големо внимание да ги следи натпреварите и и се заканил на сопругата доколку се обиде да го спречи во тоа.

Од друга страна, жената не сака нејзиниот стан да се претвори во „бучен машки клуб“ и го замоли нејзиниот сопруг да се пресели кај нивните родители додека трае Светското првенство. Човекот одби да се исели и и се заканил на сопругата дека ќе скрши телевизор од нејзината глава, ако таа ќе го спречи да ужива во игрите.

Светското првенство започнува на 14 јуни и ќе трае до 15 јули. Останува да почекаме да дознаеме дали жената ќе му се меша на мажот во гледањето на Светското првенство.