Занимливости 08. ноември 2018. / 22:42

Инвалидската количка на Стивен Хокинг продадена за 296.750 фунти

Инвалидската количка на Стивен Хокинг продадена за 296.750 фунти

Инвалидската количка на физичарот Стивен Хокинг е продадена на аукција за речиси 300.000 фунти, додека примерок од неговата докторска дисертација достигнала цена од речиси 585.000 фунти, пренесе Вашингтон пост.

Моторизираната инвалидска количка, која физичарот ја користел откако невронската Геригова болест го парализирала, е продадена за 296.750 фунти на онлајн аукција од куќата Кристи. Очекуваната цена била помеѓу 10.000 и 15.000 фунти.

Приходите од продажбата ќе одат во фондацијата на Стивен Хокинг и Здружението за моторно невронска болест.

Докторската дисертација на Хокинг од 1965 година, за потеклото на универзумот, била продадена за 584.750 фунти, што е повеќе од трипати поголема од очекуваната цена.

На 21-годишна возраст му е дијагностицирана моторна невронска болест и лекарите му прогнозирале дека ќе живее уште неколку години. Сепак, тој почина во март 2018 година, на возраст од 77 години.