Занимливости

Храна која вистински ја уништува нервозата

Храна која вистински ја уништува нервозата

Кога сме под стрес, често јадеме претерано, особено големи количини на мрсна и слатка храна. Но, иако таквата храна помага краткорочно да се чувствуваме подобро, сепак подоцна таа не само што ги покачува нашите килограми, туку и предизвикува други проблеми.

Затоа, ви препорачуваме храна која всушност вистински ќе ја уништи нервозата.

Портокали

Ова јужно овошје богато со витамин Ц е одлично и за уништување на нервозата, покрај спречувањето на настинките и грипот. Тоа помага во намалување на лачењето на кортизолот (хормон на стресот) и намалување на крвниот притисок, кој се покачува секогаш кога сме бесни и нервозни.

Авокадо

Авокадото е вистински дар од природата. Без оглед на тоа колку е вкусно, тоа е суперхрана, која овозможува Б витамин – кој го намалува стресот.

Млеко

Постои одлична причина зошто нашите мајки ни даваа чаша млеко пред спиење. Тоа е богато со витамините Б2 и Б12 што помага брзо да се релаксираме.

Спанаќ

Спанаќот е богат со магнезиум кој помага во регулирање на нивоата на кортизол и опуштање на мускулите.

Овесни снегулки

Освен тоа што се здрави, овесните снегулки помагаат во лачењето серотонин –хормонот на среќата.