Занимливости 10. август 2018. / 11:54

Хорор сцена: На судијата му ја разбиле главата со шише (ВИДЕО)

Хорор сцена: На судијата му ја разбиле главата со шише (ВИДЕО)

На натпреварот помеѓу Штурм од Грац и АЕК Ларнаца, се случи инцидент, кога во 78 минута линискиот судија е погоден со шише во главата.

На судијата му ја разбиле главата, медицинската екипа веднаш интервенирала.

Главата на судијата крварела, а за инцидентот виновен е навивач кој од трибините фрлил шише и го погодил во слепочницата.

Натпреварот бил прекинат, бидејќи главниот арбитар Мохамед Ал-Хакими ги испратил играчите во соблекувалните, сметајќи дека не е безбедно да играат.

По прекинот кој траел повеќе од половина час, натпреварот продолжил, а на крајот АЕК славел со водство од 2:0.