НФЛ го тресе голем скандал, откако Вашингтон редскинс наводно им кажале на своите мажоретки да се сликаат полуголи и да бидат придружба на спонзорите во текот на нивниот пат во Костарика во 2013. година.
Скандалот е стар пет години, а го објави „Њујорк тајмс“, кој има изјави од мажоретките кои тогаш морале да позираат без градник во текот на фото-сесијата за календарот и тоа пред спонзорите каде што сите биле мажи.
Исто така, „Тајмс“ пишува дека мажоретките морале да им бидат придружба на спонзорите во еден ноќен клуб.
Стефани Џоџокијан, директорка на мажоретките, застана во одбрана на клубот и кажа дека никој не ги терал на такво нешто и дека самите се согласиле на тоа.