Фотографии од негувателот Ристе и жирафите во зоолошката градина во Скопје, направени од фотографот Горан Анастасовски и објавени на порталот „BoredPanda“ на кои се гледа специјалната врска помеѓу нив, станаа хит во светот.
Фотографиите на кои зрачат емоциите меѓу нив ги освоија сите, па така веста за посветениот македонски негувател ја пренесоа низа други светски портали, како што се beetzer.com, shnyagi.net, pressa.tv итн.