Бабичка од Шпанија станала славна на социјалните мрежи поради неверојатната сличност со американскиот претседател Доналд Трамп.
Откако новинарката која известувала за земјоделството во северозападниот дел на Шпанија објавила на „Инстаграм“ фотографија од Долорес Леис, следеле бројни коментари за поврзаноста на американскиот претседател со дотичната госпоѓа.