Занимливости 25. април 2018. / 17:32

(ФОТО) Во Србија: Нацртан машки полов орган преку цел фудбалски терен

(ФОТО) Во Србија: Нацртан машки полов орган преку цел фудбалски терен

Непознат сторител на речиси целата тревна површина на фудбалскиот стадион во Слатина кај Чачак нацртал машки полов орган, што ги шокираше локалните жители и љубителите на спортот во овој крај.

– Тоа најверојатно се случило ноќта во неделата кон понеделник. Претпоставуваме дека е направено со земјоделска рачна канта за прскање и со смеса за уништување на трева. А нацртаниот машки полов орган е со големина од 50 метри, истакна членот на раководството на фудбалскиот клуб Слатина, Немања Ѓорѓевиќ.

Тој наведе дека сите се шокирани, а според локалните жители некој ова го направил поради одмазда.

– Викендов имаме два натпревара и непристојно е да се игра на ваков стадион, потенцира Ѓорѓевиќ.

Овој стадион важи за еден од најубавите селски стадиони во околината на Чачак, а на него играат два клуба ФК Слатина и ФК Мршинци.