Целта на оваа компанија е унапредување на македонската модна сцена преку нов концепт на урбана облека која јасно ги изразува македонските посебности.
Новата компанија Fingerprint која се појави на пазарот за производство на квалитетнo испечатени маици со различни дизајни и пораки кои го отсликуваат македонското секојдневие. Токму затоа оваа компанија ќе ја претставува македонската модна сцена преку урбана облека која јасно ќе ги изразува македонските посебности, како што се македонскиот ајвар, Скопје, ракијата, Охрид, стихови од песни, се вели во соопштението на компанијата.
Го имаа своето деби на првата вечер од седумнаесеттиот „Fashion Weekend Skopje 2018“ со нивната колекција „Macedonian beauty“ креации кои се 100% осмислени и направени во Македонија односно маици со 16 различни принтови.
„Пред вас стои првата едиција маици со име „Macedonian beauty“со којa на поинаков начин ќе ја раскажувате приказната за македонскиот шарм, сонце, езера и ајвар“, вели тимот кој стои зад брендот Fingerprint.
Тие имаат за цел да создадат маици со потписот на Македонија. Во зависност од потребите на своите клиенти, Fingerprint може да се грижи за процесот на дизајнирање од почеток до крај или, ако клиентот сака да има поголем влог во нивните дизајни, Fingerprint сигурно со големо задоволство ќе работи со нив за да произведе облека според спецификациите на клиентот, а на купувачите им овозможува да го доживеат целокупниот процес на дизајнирање.
Fingerprint ги користи само најдобрите добавувачи и се гордее со квалитетот на своите производи, како и изработката на печатењето и везот. Веќе станува една од најбрзорастечките добавувачи на 15 различно дизајнирани маици, кои можат да бидат идеални за креативни подароци, но истовремено и за подобрување на сопствениот моден стил.