Зајаците и јајцата се симбол за животот и за љубовта, но дали знаете зошто баш ова животно се користи како предвесник за Велигден?
Велигден, пролетта, зајаците и јајцата имаат една заедничка работа – го претставуваат раѓањето, односно повторното раѓање. Години пред да се појави христијанството, зајаците се сметале за симбол на плодноста поради брзата репродукција, а луѓето си разменувале јајца како симбол за нов живот, изобилство и раѓање.
Англосаксонските народи верувале дека токму зајакот е земско отелотворување на Истер, божицата на плодноста, додека паганите сметале дека тоа животно носи јајца како симбол на новата пролет.