Занимливости

ЕК бара да се унифицираат полначите за паметните телефони

ЕК бара да се унифицираат полначите за паметните телефони

Европската комисија побара произведувачите на паметни телефони да ги унифицираат полначите.

ЕК не е задоволна од фактот дека производителите на паметни телефони имаат целосна слобода да одлучат дали да направат универзални полначи за нивните уреди или не. Секако производителите бираат да направат поинакви полначи, бидејќи заработувачката од полначи не е занемарлива, корисниците често ги губат и имаат потреба од нов, објави УСБ.

Некои би рекле дека постои алтернативно решение, како на пример неоригинален полнач, но вистината е дека таквите не полнат со иста брзина и може да го оштетат уредот, што посебно се нагласува во упатството кое е поставено во самата кутија на уредот. Тоа значи дека со полначите кои не се оригинални, корисникот се служи на своја одговорност.

“Производителите уште пред девет години да ги стандардизираат полначите, но всушност ништо не смени ни овој “волонтерски пристап”, се си остана исто”, – вели Маргарет Вестагер од ЕУ, и на тој начин испрати порака до Apple, чии полначи и натаму се посебна приказна.

Сепак, микро-USB повеќе не е стандард, многу понови уреди користат USB-C конектори, како и полначи кои се однесуваат на нив. Така, конкретен стандарден полнач повеќе не постои, а тоа го препознаа во Европската унија и постепено почнаа да излегуваат со реакции кои дефинитивно ќе доведат до промени, и покрај тоа што технолошките компании тврдат дека нема проблем бидејќи алтернативата се нуди на секој чекор и корисниците не се зависни од оригинали.

Како што рековме, и покрај понудата од “трета страна”, производителите тврдат дека корисниците на таквите полначи, односно кабли, можат да ги стават во уредот на сопствен ризик, што укажува на тоа дека тие сè уште треба да ги користат првичните.

Натаму, јасно е дека тензијата околу ова прашање и натаму ќе постои и дека истата приказна ни од блиску не е готова, но сепак, останува да видиме.