На аеродромот во Дизелдорф, во оставен куфер, пронајдени се 22 живи тарантули, соопшти германската царина.
Sопственикот на куферот, 48-годишен маж од Есен, рекол дека е одгледувач на тарантули и дека некои од нив носеле млади.
Мажот патувал од Парагвај во Германија, а сега е под истрага поради обид да избегне плаќање на данок, бидејќи тарантулите се сметаат за комерцијален увоз.
Пајаците се конфисковани за ветеринарите да ја проверат нивната здравствена состојба.