Занимливости 27. септември 2018. / 12:11

Драма на аеродром: Маж трчал по пистата и викал по пилотот да го запре авионот (ФОТО)

Драма на аеродром: Маж трчал по пистата и викал по пилотот да го запре авионот (ФОТО)

Маж трчал по пистата, да го запре авионот, откако задоцнил за летот од аеродромот во Даблин.

Инцидентот се случил утрово околу 7 часот, а мажот кој трчал по пистата во пресрет на авионот и викал по пилотот да не полета и да го качи, бил уапсен.

Претходно тој тропал по стаклата на терминалот и барал од вработените да го запрат авионот. Во еден момент успеал да им избега и истрчал на пистата каде се обидел да го запре авионот. Набргу пристигнале два полициски автомобила и едно комбе и мажот бил уапсен. Подоцна било објавено дека мажот доцнел 21 минута на авионот.

Од аеродромот во Даблин подоцна објавија соопштение во кое наведуваат дека маж и жена задоцниле на летот кон Амстердам со авион на Рианер, а мажот станал агресивен и се расправал со персоналот.

Според медиумите за првите шест месеци годинава од аеродромот во Даблин биле превезени 14,7 милиони патници.