Занимливости 02. ноември 2018. / 10:25

Дневен хороскоп за петок

Дневен хороскоп за петок

ОВЕН

Работа: Денеска ќе имате повеќе среќа од претходните два дена. Можно е да немате толку обврски, па порад се ќе можете малку и да се опуштите.

Љубов: Вие сте убави, добро расположени и зрачите со својата енергија, привлекувајќи ги личностите од спротивниот пол. Денот е многу добар за флертување, познанства. Ако сте во врска, тогаш ќе уживате во нежностите со партнерот.

Здравје: Водите сметка за крвниот притисок.

 

БИК

Работа: Во текот на денот ќе имате многу обврски, и можеби ќе бидете преоптоварени со работа, и со самото тоа ќе ви недостасува концетрација. Организарајте се малку подобро.

Љубов: Забележавте некоја личност за која ќе размислувате во текот на целиот ден. Оние кои се во врска или брак ќе бидат во големи искушенија.

Здравје: Нема големи проблеми, но внимавајте со исхрана.

 

БЛИЗНАЦИ

Работа: Трчате на сите страни, преоптоварени сте со тоа ништо да не пропуштите, и можеби ќе испуштите некоја важна работа. Направете список на приоритените работи, и организирајте се. Немојте да ја трошите својата енергија.

Љубов: Вие не ја приметувате шансата која што можеби ви ја дава некоја личност во знакот на Лав. Ако малку запрете, можеби и ќе сфатите кој денеска проба да флертува со вас.

Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.

 

РАК

Работа: Месецот со Јупитер во вашето поле може да ви даде добра шанса за вашата работа, и без многу мака да заработите. Искористете ги своите адути.

Љубов: Претерано сте емотивни и лесно можат да ве повредат и најмали критики од страна на партнерот. На крајот од денот, сепак, сè добро ќе се заврши.

Здравје: Добро. Не би требало да има некои големи проблеми.

 

ЛАВ

Работа: Имате многу обврски, но не и желба за работа. Најпрво би уживале. Во текот на денот ќе се трудите да го избегнете се она што го сметате за беспотребно.

Љубов: Каде и да се сврите, вие гледате прилика за флертување. Денска е идеален ден да влезете во некоја нова врска или авантура. Ако имате партнер, проведете го времето со него.

Здравје: Мали главоболки.

 

ДЕВИЦА

Работа: Нервоза и напнатост, и сега наједноставната задача за вас делува многу комплицирано. Немојте да ги зголемувате проблемите, туку без тензија соочите се со нив.

Љубов: Партнерот сака да биде повеќе со вас, а вие попрво би спиеле или читале книга. Немојте да бидете брзи на јазик, затоа што подоцна може да се каете.

Здравје: Проблеми со варењето на храната.

 

ВАГА

Работа: Не верувате во личностите во знакот Риби во своето опкружување на работа. Попрво ќе земете некоја работа на себе, отколку да ја препуштите на некој во кого немате доверба. Стигнувате сè на време.

Љубов: Полни сте со елан, и денот е многу добар за некое ново познанство. Ако веќе сте заљубени, денеска таа личност ќе ви пружи и повеќе внимание отколку што имате потреба.

Здравје: Чувствителна кожа, алергии.

 

ШКОРПИЈА

Работа: Со добра работна тактика би можеле да ја победите конкуренцијата. Иако тоа не е типично за вас, со лесни чекори и добро смислени потези, ќе постигнете успех на долги стази. Некој тоа ќе го примети.

Љубов: Малку сте нестабилни на полето на емоцијата, и не сте сигурно што сакате. Немојте да ја исполнувате емотивната празнина со алкохол.

Здравје: Можни воспаленија, пад на имунитетот. Немојте да се форсирате, одмарајте.

 

СТРЕЛЕЦ

Работа: Се оди според планот и својот дел од работата сте ја одработиле коректно. Близнаци или Водолија денеска можат да ви бидат од голема помош да ги реализирате брзо своите идеи.

Љубов: Повеќе сакате да се дружите, отколку да водите љубов. Споете ги убавото и корисното, па излезете некаде заедно со партнерот и со своето друштво.

Здравје: Не претерувајте со храната.

 

ЈАРЕЦ

Работа: Не сте задоволни со развојот на работите. Немојте веднаш да предвидувате негативни резултати, туку пронајдете ја грешката. Можно е денеска некои работи денеска едноставно да не сè во ваши раце.

Љубов: Со доволно самодоверба можете да имате успех кај спротивниот пол. Ако сте во брак, односот со партнерот е стабилен и се чувствувате сигурно.

Здравје: Константни болки во грбот и во вратот.

 

ВОДОЛИЈА

Работа: Со колегите и шефовите денеска имате добра комуникација. Ќе бидете задоволни од новата соработка која можеби ќе ви бид епонудена. Добар ден за вас.

Љубов: Имате желба на својот партнер да му посветите целосно внимание, но можеби ќе наидете на некое несогласување во комуникацијата. Од најдобри намери, може да направите грешка.

Здравје: Сосема добро.

 

РИБИ

Работа: Полни сте со енергија и сакате големите планови да ги остварите одеднаш. Не е сè во пракса онака како што е во теоријата, па малку долго ќе чекате на ред да „наплатите“.

Љубов: Посветеноста на партнерот и вниманието кое го добивате од него, ќе ве опушти. Искористете го дено за уживање, но немојте да претерувате.

Здравје: Можен умор, потребен ви е добар сон и релаксација.