Занимливости 13. април 2018. / 10:16

Денеска е петок 13. познат како „црн петок“

Денеска е петок 13. познат како „црн петок“

Денеска е петок 13 или повеќе познат како ден на стравот.

Денот петок тринаесетти, кој исто така се нарекува и „црн петок“, многу време кај народот предизвикува несфатливо чувство на страв. На овој датум многумина се парализирани од страв. Некои се откажуваат од патување со авион, а некои и воопшто не патуваат. Било пресметено дека на овој ден во САД бизнисмените губат помеѓу 800 и 900 милиони долари, бидејќи многумина не ни помислуваат за своите работни места. Доналд Доси, основач на Центарот за управување на стресот и Институтот по фобии во Ашвил, Северна Каролина, споменува дека стравот од петок 13 измачува помеѓу 17 и 21 милиони Американци. Симптомите варирале од умерената тревога до тоталната паника. Психолозите докажале дека луѓето кои се сметаат самите себе си за несреќници, за малери, е многу поверојатно да веруваат во овие суеверија, со кои ја поврзуваат лошата среќа во својот живот.

Инаку овој ден е и добро познат по незапирливиот убиец со хокејска маска на лицето, Џејсон Ворхис, кој прв пат се појави во првиот дел од серијалот на хорор филмови „Петок 13“, во 1980 год.