Аспирин, широко распространет лек кој се користи и како средство за спречување тромбоза, ќе се тестира како можен лек против Ковид-19 во едно од најголемите испитувања во Велика Британија.
Пациентите заразени со новиот коронавирус имаат зголемен ризик од згрутчување на крвта поради хипер-реактивните тромбоцити, крвните плочки важни за запирање на крвавењето.
Аспиринот е антитромботичен агенс кој може да го намали ризикот од згрутчување на крвта, објавено е во петокот од Рекавари трајл.
-Постојат јасни причини за поддршка на тезата дека аспиринот може да биде корисен, а покрај тоа е безбеден, евтин и широко достапен, вели Питер Хорби, ко-водач на студијата.
Најмалку 2.000 случајно избрани пациенти треба да примаат 150 мг аспирин дневно со вообичаениот режим.
Податоците за опоравување на овие пациенти ќе се споредат со податоците на најмалку 2.000 други пациенти кои ќе примат друга стандардна терапија за ковид-19.
Другите терапии што се тестираат го вклучуваат вообичаениот антибиотик азитромицин и коктел на антитела на компанијата Регенерон што се користи за лекување на симптоми на Ковид-19 какви што имаше американскиот претседател Доналд Трамп.