Ноќта помеѓу 27 и 28 јули, ќе имаме можност да го набљудуваме помрачувањето на Месечината.
Доколку небото е ведро, луѓето оваа појава ќе можат да ја гледаат со голо око и со двоглед.
Сите фази на помрачувањето на Месечината ќе бидат видливи од областите на Индискиот океан, Индија, Источна Африка, Арапскиот полуостров и подрачјето на Каспиското море.
Покрај помрачувањето на Месечината, ќе можат да се набљудуваат и планетите Венера (на почетокот од ноќта), Јупитер, Сатурн и Марс. Марс овие денови е погоден за набљудување затоа што е блиску до Земјата.