Занимливости 29. јуни 2018. / 15:07

Британската јавност во шок: Објавено сè за сексуалниот живот на кралицата

Британската јавност во шок: Објавено сè за сексуалниот живот на кралицата

Во книгата „Бракот на Кралицата” поранешната ѕвезда од реалните шоуа Лејди Колин, пишува како Елизабета имала здрав сексуален апетит кој започнала да го задоволува по влегувањето во брак, но дека принцот Филип, не и бил верен. На 320 страници, театрално е опишан односот на кралскиот пар, а Филип бил голем заводник и секогаш јавно кокетирал со жени.

-Тој сака друштво на убави жени. Не познавам ниту една убава девојка која не била во негово друштно, а да не кокетирал со неа. Тоа го искусив од прва рака – кажува Лејди Колин, додавајќи дека на кралицата тоа не и сметало воопшто.

Авторката тврди дека приказните во книгата се проверени и вистински, а информации и дале блиски луѓе до кралското семејство.

Книгата наиде на бројни критики од страна на британската јавност.