Занимливости 09. октомври 2017. / 21:05

Бебињата треба да се поттикнуваат да лазат

Бебињата треба да се поттикнуваат да лазат

Родителите треба да ги поттикнуваат децата да лазат, бидејќи времето кога бебето почнува со лазење, начинот на кој го прави тоа и колку долго го прави, дава специфичен увид како е организиран неговиот мозок.

На шест месеци возраст бебето треба да почне да се обидува да лази. Но, можно е во следните три месеци да не научи да лази.

Педијатрите наведуваат дека некои бебиња никогаш не лазат во права смисла на зборот односно само едната нога ја движат, а другата ја влечат.

Има и бебиња кои едноставно ја прескокнуваат фазата на лазење и веднаш почнуваат со одење, но лазењето има позитивни страни. Лазењето им помага на бебињата да ги зајакнат нозето за подоцнешното одење, но и помага во подоцнежното учење.