Занимливости

Банкомат исфрлал банкноти од 100 долари и полицијата морала да блокира цел кварт

Банкомат исфрлал банкноти од 100 долари и полицијата морала да блокира цел кварт

Минатата недела американската полиција морала да блокира цел кварт во американскиот град Хјустон кога луѓето полуделе по банкомат кој наместо банкноти од десет, издавал банкноти од сто долари.

Грешката се случила на банкомат на „Бенк оф Америка“, од каде брзо соопштија дека за случајот е одговорен службеник од банката, кој на местото каде стојат банкнотите од 10 долари ги ставил оние од 100 долари. Од банката истакнаа дека проблемот е решен.

Сѐ започнало кога една вечер еден граѓанин сакал да подигне 20 долари, но наместо две банкноти од по 10 долари, тој добил две банкноти од по 100 долари. Тој ја објавил добивката на социјалните мрежи, а пред банкоматот брзо се собрале куп луѓе и почнале тепачки.

Од банката не коментираат колку пари се подигнати од банкоматот во текот на тие два часа додека полицијата да ги растера луѓето. Исто така, од банката не побарале од луѓето да ги вратат парите.