Американската вселенска агенција НАСА ја ангажира компанијата Локид Мартин за проектирање, изградба и тестирање на авион кој ќе лета побрзо од звукот и ќе го пробива звучниот ѕид со многу ниска бучност.
Договорот е вреден 247,5 милиони долари, а пробниот лет на авионот е најавен за 2021 година.
Експерименталниот авион ќе лета на висина од 16.8 километри, со брзина од околу 1500 километри на час, а при пробивање на звучниот ѕид нема да произведува звучен удар, туку звук што наликува на затворање на врата од автомобил.