Занимливости 20. април 2018. / 10:21

Африка има свој Заев: Кралот на Свазиленд ќе го менува името на државата

Африка има свој Заев: Кралот на Свазиленд ќе го менува името на државата

И Африка има свој Заев, таман кога помисливме дека сме единствена држава во свет каде што во моментов премиерот Заев води процес за менување на името на државата, не демантираше Кралот Мсвати III од Свазиленд, кој го смени името на својата држава, која по негова наредба ќе се вика Кралство на еСватини. Рака на срце нашиот премиер не носи фустан како неговиот колега од Свазиленд. Уште не е јасно дали премиерот Заев ќе побара техничка и експертска помош во менување на нашето името од Кралот на Свазиленд.

Кралот на Свазиленд најави дека новото име на нацијата ќе биде промовирано и ќе влезе во меѓународна употреба на прославата на 50 годишнината од формирањето на Свазиленд. Според кралот новото име значи ,,земја на Свази” . Тој ова име го користеше при обраќањето на Генералнотот Собрание на Обединетите Нации минатата година,како и на отварањето на државниот парламент во 2014.